OFFest 2020 – KAYHAN KALHOR & ERDAL ERZINCAN

Македонска Филхармонија – мала сала, Скопје

19:00

10 Nov

OFFest 2020 – KAYHAN KALHOR & ERDAL ERZINCAN

Event details

Date (start) 10-11-2020
City Скопје
Time (start) 19:00

Event map

OFFest 2020 – KAYHAN KALHOR & ERDAL ERZINCAN

Добитникот на наградата Греми и наградата Womex Artist Award за 2019 година Kayhan Kalhor се смета за најголемиот светски мајстор на иранското ќемане (персиска виолина). Меѓу сите негови бројни проекти и уникатни соработки што го привлекoa вниманието на публиката низ целиот свет, секако едно од највозбудливите е дуото со познатиот турски виртуоз на инструментот баглама Erdal Erzincan. Нивниот заеднички албум “The Wind” беше објавен за ECM во 2006 година и оттогаш оваа соработка е непрекината и жива. Класичните музички традиции на Персија и на Отоманска Турција што ја инспирираат музиката на Kalhor и Erzincan имаат многу заеднички нешта, вклучувајќи го и древниот модален композициски систем познат како „макам“, а идејата за импровизација игра огромна улога во нивните духовно и емотивно моќни настапи. Нивната музика е сосема модерна и настојува да го вовлече слушателот во своето кралство на трансот, со преплетување на екстатичните ритми и сензуалните мелодични фрази. Резултатот е збир на инструментални композиции коишто се влеваат една во друга како едно континуирано дело, со нежно лебдечки премини во кои двата инструмента одекнуваат и импровизираат на различни фрази.

KAYHAN KALHOR & ERDAL ERZINCAN
Kayhan Kalhor – каманче
Erdal Erzincan – саз

www.kayhankalhor.net

Tickets