Национален џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато
Пацио на Музеј Битола, Битола
20:30
05 Sep
Event map
Национален џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато
Националниот џез оркестар ве води на уште едно музичко патување, овој пат во Битола. Полека ја заокружуваме летната сезона со уште еден концерт на Оркестарот кој овој пат за свој гостин ќе го има Мартин Ѓаконовски – Шпато.
A Letter to Ray е насловот на концертот кој ќе се одржи на 5ти септември, на локацијата позната под името Пацио, Музеј Битола, со почеток од 20:30 часот, а диригент на концертот ќе биде Џијан Емин.
Мартин Ѓаконовски e македонски контрабасист и композитор кој живее во Германија и се смета за еден од најистакнатите џез-уметници во Европа.
Ѓаконовски потекнува од музичко семејство; неговата мајка била џез-пејачка, а неговиот татко, Драган Ѓаконовски-Шпато, е истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер, основоположник на Биг Бендот на Радио Скопје.
Мартин Ѓаконовски од своја шестгодишна возраст учи виолина за на 14 години да се пренасочи кон контрабасот, по што наскоро формира свој бенд, триото Шпато.
Во 1991 година ги започнува студиите на музичкиот универзитет во Келн. Соработува со групите на Пол Кун, Лин Ариале, Оливија Трамер, Пол Шигихара, Никола Симион, Бојан З, Андерс Берг Кранц, Омер Клајн и Биг-бендот од Франкфурт. Со музичари како Роман Швалер, Енди Мидлтон, Тони Лакатос и Чарли Маријано, настапува на најголемите европски фестивали, меѓу кои фестивалите во Загреб, Брисел, Билбао, Краков и Леверкузен. Соработува на албуми со Хуго Рид и Томас Кремер, во џез триото во Франкфурт, и Маркус Бургерс во рамки на Септер Бурбон.
Има соработувано и снимено повеќе од осумдесет ЦД-а на џез и светска музика, меѓу другите со Душко Гојкович, Пол Кун, Николас Симион, Антонио Фараш / Боб Берг, Мајкл Сагмајстер, Анке Хелфрич, Торстен Гудс, Ференц Снетбергер, Дејан Терзиќ, Европско собрание, Клаудиус Валк трио, Ратко Зјаца / Симоне Занчини / Адам Нусбаум.
Концертот со наслов A Letter to Ray претставува своевиден осврт на творештвото на Реј Браун, еден од најпопуларните и најплодните музичари во џез музиката чија умешност и богат звук го става на врвот на листата највлијателни џез музичари, повеќе од 50 години.
Билетите по цена од 500 денари може да ги набавите на Mk Tickets.
Се гледаме во Битола.
Tickets
-
Билет
Buy tickets05-09-2024 Price: 500ден.
Tickets shops
СКОПЈЕ
ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска
ТЕТОВО
ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176
ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2
ГОСТИВАР
Тобако Вона Пет ул. Живко Брајковски 15
ОХРИД
Туристичкаа агенција Вис Пој Бул. Македонски Просветители бр.1
ПРИЛЕП
T.A. БРАН – Пере Тошев 75
БИТОЛА
ЛитератураМК Широк Сокак 40
TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак
КУМАНОВО
Тобако Агора ТЦ Гарнизон T.Ц. Гарнизон
ВЕЛЕС
УНИСОН – Благој Ѓорев 9
РАДОВИШ
HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43
СТРУМИЦА
LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4
ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2
ШТИП
City Point Tobacco 1 Кирил и Методиј бр. 20