Јордан Костов МАГЛОТА секстет

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

30 Jun

Јордан Костов МАГЛОТА секстет

Event details

Date (start) 30-06-2025
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

Јордан Костов МАГЛОТА секстет

Промоција на албумот „Маглота“: глобален музички дијалог во живо
📍 Македонска филхармонија
📅 30 јуни 2025 година
🕗 20:00 часот
(Scroll down for English)
📢 Не пропуштајте концерт каков што кај нас ретко кога се случува – уникатно музичко патување водено од виртуозност, љубопитност и љубов кон звукот.
Замислете звук кој патува од Балканот, преку Азија, афро-американската музичка традиција, па сè до Јужна Америка. Замислете музика која не признава жанровски и географски граници – туку ги надминува, спојувајќи традиции, инструменти и култури во една органска светска џез фузија.
Јордан Костов Маглота секстет, предводен од македонскиот хармоникаш и композитор Јордан Костов, создава уникатен музички универзум кој ги поврзува Ориентот и Западот, фолклорот и авангардата, импровизацијата и композицијата. Специјален акцент на концертот е соработката со Хорот „Св. Злата Мегленска“, под диригентство на Летка Димовска – Полизова, кој внесува вокална димензија во оваа богата и транспросторна звучна слика.
👥 Јордан Костов Маглота Секстет:
• Јордан Костов: хармоника (Македонија)
• Минх Транг Нгујен: зитар, трунг, дан бау (Виетнам)
• Роман Столјар: пијано (Русија)
• Бруно Дози Теза: електрична бас гитара (Бразил)
• Бренда Охана: маримба, тапани и перкусија (Бразил)
• Фенг Хао: тапани (Шангај, Кина)
Хор „Св. Злата Мегленска“ (Македонија)
🎼 Диригент: Летка Димовска – Полизова
🎤 Специјална гостинка: Сузана Спасовска (Македонија)
🔊 Музиката што ќе ја слушнете е хибрид од ориентално-балканска џез фузија, психоделичен амбиент и светски фолклор, обликуван низ јазикот на импровизацијата и длабоката интеркултурна емпатија.
🎟 Ограничен број места (инфо за билетите наскоро)
👉 Сподели и покани пријатели!
Дизајн: Кристијан Новковски
✨ Генерални покровители на концертот: Sparkasse Bank и Триглав Осигурување
📡 Медиумски покровители: МРТ, Телевизија 24, Канал 103, Antenna 5, Metropolis, Jazz FM, StereoLab, Слободен печат

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    30-06-2025 Price: 800-1000ден.