LAIBACH

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

04 Mar

LAIBACH

Event details

Date (start) 04-03-2025
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

LAIBACH

Глобално најпровокативниот музички состав и уметнички колектив со авангардна музика и револуционерни настапи: LAIBACH во македонска Филхармонија!

На 4 март 2025, во рамки на #ТАКСИРАТ2025, Laibach во живо ќе ја претстави својата нова концертна програма базирана на култниот албум „Opus Dei“, првиот ремастериран албум на групата.

LAIBACH успеаја да го трансформираат пејзажот на современата музика со комбинирање на политичкиот дискурс со уметноста и музиката. Нивниот концерт во Скопје е дел од светската турнеја на OPUS DEI REVISITED. Оригинално, Opus Dei е објавен во 1987 година како прв албум на групата за издавачката куќа „Mute“, миксиран од Рико Конинг (Wire, Pere Ubu, Swans, William Orbit) и е албум со кој Laibach се појави под светлото на мејнстрим рефлекторите, албум со кој стекна слава и стана еден од меѓународно најпризнатите бендови кои се појавиле од поранешните комунистички земји во источна и централна Европа.

Покрај материјалот од „Opus Dei“, Laibach ќе изведе и селекција од своите класици и одбрани песни од богатиот опус, вклучувајќи ги и објавените пред „Opus Dei“.

LAIBACH – секогаш прецизни, монументални, бескомпромисни, уникатни!

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    04-03-2025 Price: 1200-1800ден.