„Лекција“од Ежен Јонеско
Национална опера и балет – Мала сцена, Skopje
20:30
24 Jun
Event details
Event map
„Лекција“од Ежен Јонеско
Во рамките на фестивалот Скопско лето, претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на
Ѓорѓи Ризески, ќе биде изведена на 24 јуни во 20:30 часот , на малата сцена во Националната
опера и балет во Скопје. Претставата е копродукција помеѓу штипскиот театар и „Моушн
нетворк“, а е поддржана од Министерството за култура. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов
Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов.
Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот Ризески, костимите се колективно дело, а
музиката е на Антонио Ристески. Кореографијата е на Бојан Мицев, за плакатот се погрижи
Александар Вржалски, а фотограф е Александар Ефремов.
Во драмата „Лекција“ според авторот Ежен Јонеско, концептот на целата претстава се состои
во самиот наслов кој е надополнување на делото: „сеЛекција“. До него се стигна оправдувајќи
го апсурдниот сам по себе лик на „Професорот“, оправдувајќи го исто така и самиот апсурд
како израсно средство на најпознатиот по тоа апсурден автор, велат од тимот.
Модерен крој добива силниот концепт на авторот поаѓајќи од неговиот штоф преку
режисерската призма во која јасно се говори за денешните општествени проблеми од
образовен како и од напреден поглед на луѓето. Критиката е истакната преку луцидната
мисија на професорот кој неможејќи да се справи со новата генерација решава
макивејалистички да направи избор и селекција на читавите од нечитавите суштества на
планетата земја – вршејќи на некој начин – потполен од негов аспект – оправдан геноцид.
Физичкиот театар работен по стилот и правецот на Мејерхолд добива присуство во играта
како симболично изразно средство генерално на главниот лик во претставата, истакнувајќи ја
неговата агресивност во делото, која се засилува сè повеќе од почетокот до крајот на играта.
Исто така со неа прогресираат и самите кореографии кои се се поистакнати кон крајот и
поинтензивни.
Апсурдното на прв момент изгледа и невистинито – сè додека не започнеме да се бавиме со
него.
Tickets
-
Билет
Buy tickets24-06-2024 Price: 300ден.