ФАМЕ’С Институт и Роман Симовиќ за Кочани
Македонска Филхармонија – мала сала, Скопје
20:00
29 Apr


Event details
Event map
ФАМЕ’С Институт и Роман Симовиќ за Кочани
Обединети преку музиката за добротворна цел – ве покануваме на хуманитарен концерт на FAME’S Institute и светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, во поддршка на фамилиите на жртвите и повредените од трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани – трагедија која ја потресе Македонија, регионот и светот.
УНИКАТНА ВЕЧЕР НА КЛАСИЧНА МУЗИКА, ХУМАНОСТ И ИСКРЕНА СОЛИДАРНОСТ
Овој концерт не е обичен настан – тој е интимно музичко доживување со ограничен број на места, каде што публиката ќе има ретка можност да ужива во генијалноста на еден од највлијателните виолинисти на нашето време – Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар.
Средствата од продадените билети ќе бидат донирани на фондот за поддршка и помош на Кочани.
Во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, на концертот ќе бидат поставени и пунктови за дополнителна доброволна донација, за сите што сакаат да придонесат уште повеќе.
Програма на концертот:
Л.В. Бетовен – Концерт за виолина и Симфонија бр. 7
Роман Симовиќ – Музичар од вонсериски калибар
Роман Симовиќ е концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар. Настапувал на најреномираните сцени како Barbican, Rudolfinum, Carnegie Hall, со водечки светски оркестри и маестра како Валери Гергиев, Антонио Папано, Гиљермо Гарсија Калво и други. Добитник е на најпрестижни награди – меѓу кои и Wieniawski и Sion-Valais. Симовиќ свири на автентична виолина Страдивариус од 1709 година, позајмена од Јонатан Моулдс.
Заедно со Роман, на сцената ќе настапат и извонредни млади музичари од FAME’S Institute, дел од европскиот проект FAME’S Project, ко-финансиран од Creative Europe Programme на ЕУ – уникатен оркестарски образовен модел за класична, филмска, медиумска и кросовер музика.
Tickets
-
Билет
Buy tickets29-04-2025 Price: 900ден.