“Душата на кларинетот” концерт на Илија Ампевски

Дом на АРМ, Скопје

20:00

08 May

“Душата на кларинетот” концерт на Илија Ампевски

Event details

Date (start) 08-05-2025
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

“Душата на кларинетот” концерт на Илија Ампевски

Со големо задоволство Ве покануваме на првиот солистички концерт  во Скопје на македонскиот виртуоз на кларинет и саксофон, Илија Ампевски- Ампе, насловен како „ДУШАТА НА КЛАРИНЕТОТ“.
Овој извонреден музички настан ќе се одржи на 8 мај 2025 година ( четврток) , во Домот на Армијата во Скопје, со почеток во 20:00 часот. 
Виртуозниот настап на Ампе ќе биде поддржан од маестралните музички уметници од „Оркестар Драчево“. Концертот ќе биде збогатен со присуството на специјални гости од макеоднската фолк естрада како  кралиците на македонската музика, Блага Петреска и Благица Павловска, младата и талентирана Стојне Николова и вонсерискиот пејач Благоја Груевски. 
Овој концерт е дел од низата концерти кои се од национален интерес на културата во областа на фолклорот за 2025 година, под покровителство на Министерството за култура и туризам со што го прави уште поединствен и значаен. 
Не пропуштајте ја оваа музичка магија која ќе ги допре сите ваши сетила и ќе остави незаборавен печат!  

Tickets