Вовед во Design Thinking (Работилница) (SOLD OUT)

Public Room (Јавна Соба), Скопје

10:00

13 Apr

Вовед во Design Thinking (Работилница) (SOLD OUT)

Event details

Date (start) 13-04-2019
City Скопје
Time (start) 10:00

Event map

Вовед во Design Thinking (Работилница) (SOLD OUT)

Должина на работилницата: 6 часа 
Ментори: Ана Мијовска, Лела Анастасова, Иван Зографски  
Учесници: проектни менаџери, маркетинг специјалисти, софтверски инженери, менаџери за човечки ресурси, менаџери за развој на продукти, итн. 
Краен рок за пријавување: 12/04 (петок)
Цена за партиципација: 3700 денари

На оваа шест-часовна динамична работилница, преку интерактивни вежби ќе се запознаете со Design Thinking методологијата и ќе стекнете практично знаење како да ја имплементирате оваа моќна методологија. Ќе се запознаете со фазите на Design Thinking и ќе добиете реална слика како да ги примените во Вашето секојдневно работење.


Design Thinking е иновативен метод кој го трансформира начинот на нашето секојдневно работење. Тоа е креативен процес кој Ве запознава со нови решенија базирани на потребите на корисниците. Без разлика дали сте маркетинг менаџер, специјалист за човечки ресурси, софтверски инженер или проектен менаџер, на оваа работилница ќе се стекнете со иновативна вештина која ќе воведе нов пристап кон Вашето секојдневно работење и решавање на комплексни проблеми.

За кого е наменета оваа работилница?

* За компании кои сакаат да имплементираат иновации

* За лидери кои сакаат да ги охрабрат и насочат своите соработници да размислуваат покреативно и иновативно

* За тимски лидери кои сакаат да излезат од комфорт зоната и да создадат нешто ново и корисно

* За вработени кои ќе имаат можност да го потенцираат својот иновативен потенцијал во креативна средина

* За индивидуалци кои сакаат да го поттикнат својот креативен потенцијал

Што да очекувате од оваа работилница?

* Ќе се запознаете со моќта на Design Thinking методологијата

* Ќе воочите како практично се применува оваа методологија

* Ќе дознаете каде може да ја примените оваа методологија

* Ќе добиете реална слика какви резултати може да се постигнат со имплементирање на Design Thinking методологијата во секојдневното работење

 

.

***НАПОМЕНА***

Со цел да се реализира оваа работилница, потребно е да се пријават минимум 12 учесници. Доколку не се исполни минималниот број на учесници, работилницата ќе биде откажана и сумата за партиципација ќе Ви биде 100% рефундирана

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    Партер, 13-04-2019 Price: 3700ден.