Cuban Fire

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

20 Feb

Cuban Fire

Event details

Date (start) 20-02-2025
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

Cuban Fire

Ве покануваме на уште едно неверојатно музичко доживување што се фокусира на АФРО-КУБАНСКАТА МУЗИКА и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии! Низ оваа автентична “латино свита” ќе не води нашиот долгогодишен пријател и соработник, диригентот ЗИГИ ФАЈГЛ (AU) кој со години го држи пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко.
* Cuban Fire * е насловот на концертот кој е закажан за 20 февруари во Филхармонија, со почеток од 20 часот, именуван по истоимениот албум на исклучителниот американски биг-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музиката.“

Tickets