Настанот кој е посветен на занаетчиското производство на пиво што во нашата држава се развива веќе една деценија. Овој настан за нас е значаен бидејќи има симболика. Имено, првата пиварница во Македонија е отворена во Битола, во 1890 г. во месноста Буковски лозја покрај реката Драгор.
Занаетчиските (крафт) пива глобално имаат долга традиција, додека кај нас се новина. Станува збор за исклучително квалитетни пијалоци. Дополнително, сите нив ги спојуваат прилично иновативни дизајни на етикети, имиња и амбалажи, неколку стилови на музика и применета уметност. Етикетите дури се споредуваат со уметноста на музичките албуми и омотите на книги, каде уметниците и дизајнерите историски дивееле експериментирајќи со нови стилови. Доброто пиво, ќе го надополниме со добрата музика на Агим Џело, Мемфис Мафија и Паркети.
Затоа, во четврток (05.09.2024) бидете на „Бирарија“ – фестивал на урбаниот живот и култура.
на пешачката зона пред Пионерски дом
Музичка програма:
19.00 – ДЏ сет на Агим Џело
21.00 – Мемфис Мафија
22.45 – Паркети
Дополнителни елементи:
Работилница за спарување на 5 различни пива и стилови
Улична храна
Цена на карти 200 денари. За членови 150 денари на влез.