Бајка на царот Нај

Театар за деца и младинци, Скопје

12:30

13 Jan

Бајка на царот Нај

Event details

Date (start) 13-01-2019
City Скопје
Time (start) 12:30

Event map

Бајка на царот Нај

Во една далечна земја живеел добар, мудар, силен, млад и убав цар. Но, тој наместо да зборува рикал како лав и кај луѓето предизвикувал страв. За да најде лек за својата мана царот патувал години седум низ триесет и три земји редум. По пат наидувал на чудесни предели, ама и на непрегледни пустини, непроодни планини и реки; среќавал чудни луѓе и уште почудни животни. Откако поминал и низ Земјите на Темнината, на Лалињата, на Криновите, на Џиновите и побегнал од Земјата на Дебелковците, пристигнал во Земјата на Модрите Луѓе. Таму, страшниот црвен змеј паднал мртов кога ја чул неговата рика и во тој миг царот проговорил со човечки глас.

Дочекот на царот во неговото царство бил величествен. Десет дена сите ѕвона без престан ѕвонеле и насекаде одекнувале радосни извици: – Да живее нашиот цар “Нај”!

 

Атој пак често се сеќавал на зборовите на Желбаш од прекрасната земја Желбадаж и на Вилдон, царот на сите вилимени: “Добрина во срцето имај ти, патот пред тебе ќе се отвори” и “Среќа тебе даде – среќа мене иде”.

Среќата им се насмевнува на оние кои имаат добрина во срцето и кои таа добрина ја подаруваат на другите. Така, по извесно време пред царот одненадеж се појавила девојката Сончев Цвет која ја сретнал и во која се вљубил на почетокот на патувањето.

Ашто се случило потоа? Досега не се чуло за поубава, пораскошна и повесела свадба од таа на Сончев Цвет и Царот Нај.

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    Партер, 13-01-2019 Price: 200ден.