Д (како Дездемона) – премиера

Национална опера и балет – Мала сцена, Skopje

20:00

24 Apr

Д (како Дездемона) – премиера

Event details

Date (start) 24-04-2025
City Skopje
Time (start) 20:00

Event map

Д (како Дездемона) – премиера

Претставата е инспирирана од трагедијата на Вилијам Шекспир „Отело“. Рисима Рисимкин продолжува со истражувањето на творештвото на овој извонреден драмски автор, со посебен акцент на женските ликови во неговите дела. По „Лејди Магбет“, ова е втора претстава која е базирана на женски лик од делата на Шекспир, т.с. втор дел од трилогијата Жените во делата на Шекспир која оваа кореографка ја работи.
Рисима Рисимкин е една од водечките македонски короеграфи. Таа е оснивач и уметнички директор на Скопје танцовиот театар, како и актуелен декан на Филмската академија, при Универзитетот „Гоце Делчев“. Во 1996 година го оснива културниот центар Интерарт, а во 2005 година фестивалот Танц Фест Скопје, кој го води како уметнички директор помеѓу 2005-2024 година. Има создадено повеќе од 40 авторски проекти, со кои гостува на домашната и интернационалната танцова сцена низ Еврропа, Азија и САД. За својата севкупна работа, Рисимкин, во 2024 година е одликувана со Орден од редот на Витез на уметноста и книжевноста од Француската влада.

Tickets