ЕДНОДНЕВНА ПРОФЕСИОНАЛНА СОМЕЛИЕРСКА ОБУКА

Educational Center M6, Скопје

09:00

11 Dec

ЕДНОДНЕВНА ПРОФЕСИОНАЛНА СОМЕЛИЕРСКА ОБУКА

Детали за настанот

Датум (старт) 11-12-2019
Локација Educational Center M6
Град Скопје
Почеток 09:00

Мапа на настанот

ЕДНОДНЕВНА ПРОФЕСИОНАЛНА СОМЕЛИЕРСКА ОБУКА

Прва во низата обуки кои ќе следат, наменети првенствено за угостителскиот сектор, но и за останатите бизнис сегменти поврзани со вината и јаките алкохолни пијалоци.
Креиравме три нивоа на обуки:

MASOM Wine Server
MASOM Assistant Sommelier
MASOM Certified Sommelier

Првото ниво “Wine Server” е основа на која кандидатите ќе се стекнат со основнни вештини и познавање од областа на вината. За оваа обука не е потребно никакво предзнаење.

Кандидатите низ практични вежби и дегустации, како и теоретски дел ќе ги поминат основите на:
– Лозарството
– Производството на вино
– Типови и стилови на вино
– Основни вински сорти
– Познати светски вина
– Вовед во дегустација и евалуација на вината
– Вински сервис
– Впарување на храна и вино

За таа намена е изготвен учебник и пропратен материјал за важби, а обуката ја води меѓународно сертифицирано стручно лице за вина и ЈАП.
За крај, кадитатите опционално ќе можат да го проверат своето знаење низ писмено и практично тестирање, а тие кои ќе го положат тестот ќе се стекнат со сертификат издаден од Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ за адекватното ниво.

Бројот на кандидати за оваа обука е лимитиран.

Цена: 6150,оо мкд

Билети