„НАЈДОБРОТО ОД КОПРОВ“ Концерт на Ана Петановска

National Opera and Ballet, Skopje

20:30

04 Jul

„НАЈДОБРОТО ОД КОПРОВ“ Концерт на Ана Петановска

Event details

Date (start) 04-07-2024
City Skopje
Time (start) 20:30

Event map

„НАЈДОБРОТО ОД КОПРОВ“ Концерт на Ана Петановска

Ексклузивни гости: Владо Јаневски, Наде Талевска и Горан Наумовски

Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како
што се Лиду ду, Остани во мене, Не зори зоро, Не допирај ме, Твоите бакнежи на моите бели
кошули, Анушка и многу други. Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното
творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните
гости мега ѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска и топлиот вокал на Горан
Наумовски, а во придружба на камерен оркестар.
Ана Петановска
Младата пејачка Ана Петановска, позната по моќните интерпретации, македонската публика ја
знае 20-годишната Ана најмногу по настапите на неколку врвни музички настани, како
традиционалниот концерт на Националната опера и балет по повод празникот Василица,
Оскаровската Гала вечер со филмска музика, концертите на Камерниот оркестар Битола со хитови
од `80-те и `90-те и концертот посветен на Тоше Проески.
На сите концерти ја восхити публиката со волшебниот глас и незаборавните изведби. Таа е пејачка
која го остава срцето на сцена, а нејзината енергија и емоции остануваат долго по завршувањето
на аплаузите.

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    04-07-2024 Price: 800-1000ден.