Во сабота, 10 август: Slow wine- Вински салон Битола 2024
Убава вест за сите што го сакаат, почитуваат и живеат во симбиоза со виното: го најавуваме петтото издание на Slow Wine – Вински Салон Битола 2024, што годинава го има мотото: виното се пие цела година!
Полека но сигурно винскиот салон во боемската Битола станува традиција, создавајќи трајни конекции помеѓу винарите и конзументите.
Правилата и редот се познати: се креваат чаши полни со вино што носи радост и победничка визија, се случуваат разновидни дегустации на вино и дестилати со што овој вински салон ја продолжува мисијата во континуитет да гради винската култура кај нас, да едуцира за поднебјето, почвата и секако да го потенцира се поголемиот број на вински љубители.
Според Хемингвеј, виното е еден од најголемите знаци на цивилизацијата.
Во тој контекст нашите уметници -винари ќе ги донесат најдобрите вина, што е извонредна можност да се истражува и дегустира божјата напивка од целата земја која и глобално со гордост ја потенцира сончевината на нашите вина.
Да живее виното!
Резервирајте ја сабота, 10 август, за „Slow Wine 2024 – Вински салон Битола“, од 18 – 24 ч., пред Музејот на Битола- Пацио.