Slow Food Салон 2024
Hotel Limak, Skopje
12:00
09 Nov
Slow Food Салон 2024
Станува збор за најголемиот собир на мрежата Слоу Фуд Македонија и е жив пример за тоа како храната може да биде мост помеѓу различни чинители и сектори во системот. Третиот „Slow Food Салон“ ќе се одржи на 9 ноември 2024, во хoтел Лимак, Скопје. Мотото на овогодинешниот Slow Food Салон е дел од нашата мисија – да градиме, спојуваме и обединуваме. Затоа е насловен: Ние сме заедница!
На манифестацијата ќе се презентираат малите производители на автентични производи, семејни винарии, занаетчиски пивари и се надеваме дека сите заедно ќе уживаме во различноста на вкусовите. Како посетители ќе можете да ги дегустирате производите, да прашувате како се произведени, да размените контакт со производителот лично, па ако сето тоа ви се допадне и да си ги купите.
Да воспоставиме поинаква иднина, иднина која ќе ја обликуваме сите заедно со нашиот секојдневен избор на храната која ја јадеме!
*билетите за членови по цена од 300 ден. ќе можат да се набават на самиот настан
Tickets
-
Bilet
Buy tickets09-11-2024 Price: 400ден.