Мастер клас. Ивана Симјановска: Смедеревка во нов сјај

Hotel Limak, Skopje

12:30 14:00

09 Nov

Мастер клас. Ивана Симјановска: Смедеревка во нов сјај

Event details

Date (start) 09-11-2024
Location Hotel Limak
City Skopje
Time (start) 12:30
Time (end) 14:00

Event map

Мастер клас. Ивана Симјановска: Смедеревка во нов сјај

Смедеревката е втората најзастапена бела сорта во Македонија а вината добиени од спомнатата сорта на овие простори се конзумираат од дамнина. Сепак, кога ќе се спомне нејзиното име, ја поистоветуваме со ниско квалитетно вино кое најчесто се меша со кисела вода- добро познатиот шприцер, или жаргонски кажано „ли-ли“,  литро со литро, затоа што донеодамна смедеревката постоеше единствено во литарски шишиња.

“За среќа, во последните неколку години група млади, надежни и ентузијастички расположени винари и енолози го покажуваат потенцијалот и сјајот на смедеревката- вели Ивана. ” Ја прават ја во најразлични стилови, докажувајќи дека потенцијалот за производство на квалитетни вина е голем, но предизвик е како таа да го добие заслуженото место и зошто треба да ја цениме. На Slow Wine салонот ќе бидат презентирани смедеревки кои ќе ве натераат да НЕ посегнете по кисела вода.

Дегустацијата ќе ја води Ивана Симјановска, вински писател, публицист и интернационален вински судија.

Сала Атлантис (кат 5), хотел Лимак

 
Со секоја купена карта за мастер клас следува копија од водичот Slow Wine 2024, како и бесплатен влез во изложбениот дел од салонот. 

Tickets