Концертна промоција на албумот „Маглота“ На Јордан Костов и пријателите

Macedonian Philharmonic, Skopje

20:00

30 Jun

Концертна промоција на албумот „Маглота“ На Јордан Костов и пријателите

Event details

Date (start) 30-06-2025
City Skopje
Time (start) 20:00

Event map

Концертна промоција на албумот „Маглота“ На Јордан Костов и пријателите

Концертна промоција на албумот „Маглота“
На Јордан Костов и пријателите

Почитувани,
На 30.06.2025. од 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе се
одржи светската концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и неговите
пријатели, албум кој е снимен во Ханој, Виетнам, во 2023 година.
„Маглота“ е најновиот музички проект на Јордан, роден од неговата длабока врска со Виетнам.
Тоа е доказ за магијата што се случува кога музиката се испреплетува со културата. Албумот вешто
ги инкорпорира традиционалните музички инструменти кои се длабоко вкоренети во нашиот
секојдневен живот. Тоа што плени е и хармоничното спојување на традиционалните виетнамски
мелодии со уникатниот музички стил на Јордан Костов.
„Маглота“ е енергичното музичко игралиште кое постојано бара нови бои и значајни вредности
што ги носи музиката. Виетнам одигра клучна улога во музичкото патување на Јордан, бидејќи тој
навлезе во локалната култура и формираше силни врски со виетнамските пријатели музичари.
Солисти на овој промотивен концерт се:
Јордан Костов (Македонија), хармоника
Роман Столјар (Русиа), пијано
Бренда Охана (Бразил), маримба
Фенг Хао (Кина), тапани
Нилимеш Чакраборти ( Индија ), табла
Монит Пол –(Индија )сарод
Бруно Тоци Теза (Бразил), бас
како и хорот Св. Злата Мегленска и солисти со кој ќе диригира Летка Димовска-Полизова.
Гостин – Сузана Спасовска

Срдечно ве покануваме на оваа наша голема промоција и воедно се надеваме дека ќе најдете
инспирација за ваша поддршка на ова неповторлива прилика на врвните светски музичари во овој
проект.

Tickets