“Душата на кларинетот” концерт на Илија Ампевски
Dom na ARM, Skopje
20:00
08 May

“Душата на кларинетот” концерт на Илија Ампевски
После 35 години успешна кариера во Македонија и многубројни настапи низ Европа, Канада, Америка и Австралија познатиот виртуоз на кларинет и саксафон Илија Ампевски со надимак Ампе ке одржи солистички концерт во Скопје насловен како ,,ДУШАТА НА КЛАРИНЕТОТ”.
Илија Ампевски е роден 24ти Март 1974 година во Скопје каде и завршува нижо и средно музичко школо кај професорите за кларинет Манол Јанев и Стојан Димов во МБУЦ ,,Илија Николовски –Луј’’ и Штипската Музичка Школа во класата на професорот Раде Стојчев.
Препознатлив по неговиот нов начин на импровизирање и креирање нови модерни македонски и балкански ора и чочеци со примеси на џез етно фолк Илија веќе на 15 годишна возраст почнува да настапува по семејни веселби, веридби, свадби, банкети и по три години добива професионална понуда од музичката група Кaлабалак, по што следува настапот на ,,Фолк хит на годината” по покана на познатата македонска дива Блага Петреска, каде го заменува легендарниот Ферус Мустафов, после кој настап ја добива и најважната понуда во неговиот живот, понуда да стане дел од легендарната група ,,Македoнски Мерак” каде рамо до рамо има чест да музицира со легендарниот македонски маестро на хармоника г-динот Милан Завков.
Музицирањето со групата ,,Македонски Мерак’’ го издвојува како најубав дел од неговиот живот, како и една огромна ризница на спомени кои остануваат засекогаш врежани во неговите 140 авторски теми снимани на 11 носачи на звук.
Не може а да не се споменат соработките со најголемите звезди на македонското естрадно небо од калибарот на Васка Илиева, Петранка Костадинова, Александар Сариевски, Виданка Георгиевска, Благица Павловска, Блага Петреска, Војо и Биљан Стојановски, Орце Стевковски, Елена Георгиева, Јасмина Гуњова, Јордан Митев, Зоран Ванев и многу други.
Илија е единствениот
Во последните неколку години живее и работи во Австралија настапува со македонскиот бенд ,, Деспина,, но и со многу австралиски музичари меѓу кои би го издвоиле последниот настап во Сиднејската Опера 2024 година.
Не пропуштајте ја оваа музичка магија која ќе ги допре сите ваши сетила и ќе остави незаборавен печат!
Tickets
-
Bilet
Buy tickets08-05-2025 Price: 350ден.