Емилио Перцан и Оркестарот на Фаме’с Институтот
Suli Inn, Skopje
21:00
06 Jul

Емилио Перцан и Оркестарот на Фаме’с Институтот
Скопје ова лето ќе биде домаќин на еден навистина посебен музички настан. Во недела, на 6 јули, историскиот двор на Сули ан ќе се претвори во магична сцена на концерт под ѕвездено небо, каде што ќе настапи еминентниот виолинист и диригент Емилио Перцан, заедно со европскиот оркестар на институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од цела Европа.
Публиката ќе има можност да ужива во репертоар кој ги обединува Вивалди, Делабако, Пучини и Рихтер – различни музички епохи – од барокот и романтизмот, па сè до современи композиции со силна општествена порака и со посебен акцент на композицијата „Рекомпонираните Четири Годишни Времиња“ на Макс Рихтер, која претставува модерна реинтерпретација на делото на Вивалди инспирирана од климатските промени. Отворениот амбиент во Сули ан ќе овозможи интимна и несекојдневна атмосфера, совршена за љубителите на класичната музика.
Забелешка: По пристигнување на настанот, членови од публиката ќе можат да седнат на било кое слободно седиште, независно од ред.
Tickets
-
Ticket
Buy ticketsседење, 06-07-2025 Price: 400ден.
-
Ticket
Buy ticketsстоење, 06-07-2025 Price: 250ден.