Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Детали

Address

ул. Димитрија Чуповски 4

City Скопје
Phone +389 2 3222 619

Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци е единствениот национален театар специјализиран за програмата за деца и млади. Првпат ги тргна своите завеси пред публиката во Скопје на 2.02.1990 г. и оттогаш создава бајки со поинаков, ведар и магичен дух . Игра голема улога во уметничкото и културното образование на најмладите благодарение на секојдневниот влог на ансамблот, раководството и целиот театарски тим под финасиската капа на Министерството за култура.

Нашиот репертоар е особено разновиден. Ние сакаме да покриеме широк спектар на публика. На сцената се играат приказни во современ ритам и дух. Можете да гледате богат избор на претстави : од куклени и играни за деца, па се’ до целовечерни младински претстави. Повеќе од две децении ние допираме до младинците преку теми, фикции, случки и прашања кои се дел од нивните животи.