Драмски Театар Скопје

Драмски Театар Скопје

Детали

Адреса

ул. Шекспирова бр. 15

Град Скопје
Телефон +389 2 3063 388

Драмски Театар Скопје

Театрот започнал како куклен/детски театар во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основал својата Куклена сцена. Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснува во Градски куклен театар, чиј прв директор е Лазар Балабанов.

Во сезоната 1957/58, театарот се реорганизира во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги игра на две сцени: младинска и детска. Од 1960 година во театарот започнува да работи и вечерната сцена со прва претстава Доживувањата на Николетина Бурсаќ – премиера на 5 февруари 1960).

Од земјотресот во 1963 па се до 1965 година театарот нема своја зграда. Дури во 1965 година тој се вселува во сегашниот монтажен објект. Истата година театарот се преименува во Драмски театар.

Речиси во две наредни децении овој театар супериорно воспоставува битно поинакви професионални и естетски стандарди во македонската театарска практика, притоа афирмирајќи низа нови актерски, режисерски и авторски имиња.

До крајот на 2001 година Драмски театар има поставено 332 премиери и прикажано повеќе од 10.500 претстави.

Сите настани во Драмски Театар Скопје

Фестен

Фестен

25-01-2019

Љубовници

Љубовници

24-01-2019

Странци

Странци

26-01-2019

Странци

Странци

15-01-2019