Волшебникот од Оз

Театар за деца и младинци, Скопје

19:00

15 Dec

Волшебникот од Оз

Event details

Date (start) 15-12-2018
City Скопје
Time (start) 19:00

Event map

Волшебникот од Оз

Светски познатиот филмски мјузикл, под режисерската палка на реномираниот бугарски режисер Боњо Лунгов, беше пренесен и прераскажан во вид на детски театарски мјузикл и на нашата сцена.

Авантурите на девојчето Дороти, маестрално одиграно од Нина Деан Гачиќ, девојче кое од својот роден Канзас залутува во волшебната земја од приказните наречена Оз, одлично се проткаени со прекрасни оригинални сонгови и видео проекции од кои застанува здивот. Сакајќи да се врати дома, по патот што води до големиот волшебник ги запознава своите идни пријатели страшилото, лимениот човек и лавот. Заедно со нив успева да ги совлада сите пречки поставени од лошата Западна Волшебничка, феноменално одиграна од Тања Павловска Кочовска. Речисерот, заедно со актерската екипа, мајсторски успева на децата да им ја всади важноста од универзалните човечки особини, како што се мудроста, способноста да се сака и храброста.

Повелете на оваа претстава за да откриете дали и како Дороти ќе ги научи овие животни лекции и дали и на кој начин ќе се врати дома. Нашиот ВОЛШЕБНИК ОД ОЗ за нецели две години успеа да освои 5 меѓународни награди и е една од оние наши претстави за кои секогаш се бара билет повеќе.

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    Партер, 15-12-2018 Price: 200ден.