Лакомата меца

Театар за деца и младинци, Скопје

19:00

06 Dec

Лакомата меца

Event details

Date (start) 06-12-2018
City Скопје
Time (start) 19:00

Event map

Лакомата меца

Оваа претстава е наменета за најмалите деца. Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција со децата Лакомата Меца е предупредена дека не треба да биде стрвна кога јаде и дека секој залак треба добро да се изџвака, зашто во спротивно има опасност да се задави. Мецата нејќе да ги послуша децата и продолжува со стрвното јадење, па се случува токму најлошото. Една коска и се заглавува во грлото, па напомош и притрчуваат останатите шумски животни. Дали конечно мецата ќе ја научи лекцијата по пристојно и сугурно јадење, ве покануваме да откриете. Актерот Владимир Лазовски за улогите на Волкот и Штркот во 2001 година освои актерска награда на Меѓународниот Куклен Фестивал на мали форми во Крагуевац, Р. Србија. Тој, заедно со одличните Ана Левајковиќ-Бошков и Катарина Илиевска-Силјановска, се доволен доказ за квалитетот на оваа претстава.

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    Партер, 06-12-2018 Price: 200ден.