JOELLE LEANDRE

Кино Фросина,

18:00

20 Oct

JOELLE LEANDRE

Event details

Date (start) 20-10-2019
City
Time (start) 18:00

Event map

JOELLE LEANDRE

Француската басистка, импровизаторка и композиторка Џоел Леандре е една од најдоминантните фигури на новата европска музика. Вооружена со искуства во оркестарската и во современата музика, членувала во Ensemble L’Itinéraire, Ensemble 2E2M, како и во Ensemble InterContemporain на Пјер Булез. Таа, исто така, има соработувано со Мерс Канингам и со Џон Кејџ, кој компонирал специјално за неа – како и Шелси, Феленон, Херсант, Лејси, Кампана, Јолас, Клементи и околу 40 други композитори. Покрај инволвираноста во современата музика, Леандре има настапувано со некои од најголемите имиња на џезот и импровизацијата, како Дерек Бејли, Ентони Брекстон, Џорџ Луис, Еван Паркер, Ирен Швајцер, Вилијам Паркер, Бар Филипс, Паскал Конте, Стив Лејси, Лорен Њутон, Петер Ковалд, Урс Лејмгрубер, Мет Манери, Рој Кембел, Фред Фрит, Џон Зорн, Марк Наусеф, Мерлин Криспел, Индија Кук и многу други. Има извонредно обемен опус за танц и театар, а учествувала и настапувала во голем број мултидисциплинарни претстави. Во 2002, 2004 и 2006 година, таа е визитинг професор на Милс колеџот во Оукланд, Калифорнија, за импровизација и композиција. Нејзиното творештво како композитор и изведувач, без разлика дали станува збор за соло рецитал или во рамките на некој ансамбл, ѝ овозможи настапи на најпрестижните сцени во Европа, Америка и Азија.

Tickets