BAB L’ BLUZ / DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS

Младински Културен Центар, Скопје

22:00

10 Jun

BAB L’ BLUZ / DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS

Event details

Date (start) 10-06-2023
City Скопје
Time (start) 22:00

Event map

BAB L’ BLUZ / DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS

Директно од срцето на Магреб, Bab L’ Bluz (во превод: „порта на блузот“), го редефинираат традиционалниот северноафрикански блуз на нетрадиционален начин. Овој квартет, формиран во Маракеш во 2018 година, е инспириран од мароканските музички традиции, во комбинација со рок музиката, современите звуци и мароканскиот поп. Етикетирани како „психоделичен марокански рок бенд“, тие се истовремено древни и актуелни, традиционални и современи, фанки и ритмични, со моќни вокали и тешки бас грувови. Бендот го сочинуваат француски и марокански музичари, предводени од пејачката Јусра Мансур, што само по себе претставува критика на претежно машката традиција во мароканската музика

 

Гитаристот Дизи Манџеку е жива легенда на конгоанската румба. Пред да стане член на славниот оркестар OK Jazz на Франко Луамбо Макиади во 60-тите и 70-тите, Дизи веќе предводи неколку бендови, настапувајќи со бројни великани на конгоанската музичка сцена. Во тоа време, Дизи и Сем Мангвана ги оформија African All Stars. Оваа формација, предводена од Дизи, имаше големо влијание на глобално ниво. Под уметничкото раководство на Дизи, Orchester African All Stars International објави три албуми, кои се сметаат за вистински конгоански споменици. Музичкото наследство и културното значење на Франко Луамбо Макиади и неговиот бенд T.P.O.K. Jazz е огромно. Конгоанската румба од неодамна е прогласена за нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Tickets