At the Gates

Taksirat 2.0, , Младински Културен Центар, Скопје

20:00 23:00

04 Dec

At the Gates

Event details

Date (start) 04-12-2018
Festival Taksirat 2.0
Venue Денсинг сала
City Скопје
Time (start) 20:00
Time (end) 23:00

Event map

Terrorvoid Promotions и Taksirat 2.0. At the Gates во Скопје!

Пред цели 22 години во Скопје се случи настан, кој придизвика комплетно лудило низ андерграундот во Македонија. За прв пат кај нас, дојдоа бендови кои беа дел од светската метал сцена и после чии концерти се збореше дека тоа нема никогаш да се повтори. Napalm Death и At the Gates! Поминаа многу години и многу бендови во меѓувреме дојдоа и свиреа во Скопје. Бендот се растури некое време после концертот и не свиреа скоро 12 години. Оваа година, на 4-ти декември At The Gates се враќаат во Скопје. Како едни од предводниците на Gothenburg melodic death звукот, бендот е еден од ретките кои се вистински култ на таа сцена. Мрачни, интелигентни и агресивни мелодии се дел од нивните главни карактеристики. Тие што пред 22 години бевме во МКЦ, ќе имаме можност да се вратиме во времето и пак да бидеме дел од концерт, кој ќе не освежи и за момент ќе ни го врати духот од тоа време. Тие што не биле и само слушале за тој култен концерт…. ова е можност да присуствуваат на испишување на уште една страница од метал историјата на Македонија

Tickets

  • Партер

    Buy tickets

    04-12-2018 Price: 700ден.

Support artists

Heresy

Heresy

Costa Rica

Hardfaced

Hardfaced

Macedonia