Д Фестивал 2021

ДОЈРАН, Дојран

13 - 14 Aug

Д Фестивал 2021

Event details

Date (start) 13-08-2021
Date (end) 14-08-2021
Location ДОЈРАН
City Дојран
Time (start)

Event map

Д Фестивал 2021

Светот е поубав на Д Фестивал 2021!  🎉🎉🎉

Д-луѓето повторно се заедно!

Ова лето, на oмилената главна бина доаѓаат Gorgon CityDjaikovskiDubioza kolektivFoltinSmutStrajkSmoke Mardeljano21 VekRepetitor и други, на 13 и 14 август во Дојран!

Tickets

  • Фестивалски билет

    Buy tickets

    13-08-2021 Price: 850ден.

  • Еднодневен билет

    Buy tickets

    Петок, 13-08-2021 Price: 500ден.

  • Еднодневен билет

    Buy tickets

    Сабота, 14-08-2021 Price: 500ден.

Artists list

REPETITOR

REPETITORСрбија

13.08.2021
Еден од најинтересните понови бендови од балканскиот регион кој бргу ја освој публиката со својата жестока свирка и незадржлива енергија. Зад себе имаат четири многу успешни албуми кои собраа екстремно позитивни критики, а нивните енергични концерти се дополнителен показател на нивниот извонреден талент. „Репетитор“ посветено го изгради својот препознатлив звук, спој на тврд рокенрол, пост-панк и сѐ помеѓу.

ФОЛТИН

ФОЛТИНМакедонија

13.08.2021
ФОЛТИН постои од 1996 година. Зад себе има девет самостојни албум, музика за преку триесетина театарски претстави, музика за десетина филмови, меѓу кои кандидатот за Оскар “Медена Земја” и интернационално најнаградуваниот филм “Исцелител”.

DUBIOZA КOLEKTIV

DUBIOZA КOLEKTIVБиХ

13.08.2021
Едни од најверните другари на Д Фестивал и колектив комплетно менаџиран од македонскиот Password Production, е дефинитивно најпопуларниот балкански бенд! Легендата на светската музичка сцена Ману Чао за нив вели дека се најдобриот европски бенд, а денеска тие важат за светски најпрепознатливиот изведувачи од нашите простори. Со проникливите текстови спакувани во музичка мешавина од хип хоп, реге, даб и рок звук, повеќе од било кој друг бенд од регионот успеаја да ја освојат светската публика.

GORGON CITY

GORGON CITYОбединето Кралство

13.08.2021
Една од велесилите на новата британска електронска сцена кои во рамки на Д ФЕСТИВАЛ 2021 ќе настапат на главната бина (петок, 13 август), е музички тандем кој го сочинуваат лондонските продуценти Matt и Kye. Нивниот албум првенец, кој беше објавен во 2014 година за заедничката етикета на Virgin и EMI, беше претставен со синглот „Ready For You Love“, кој достигна до високото 4 место на Британската листа на синглови и од стартор на кариерата ги лансира Gorgon City меѓу ѕвездените имиња на светските топ-листи.

21 ВЕК

21 ВЕКМакедонија

14.08.2021
Бендот заслужен за освежувачка доза квалитетен звук на современата домашна сцена, а изнедрен од пост-панк круговите на македонскиот андерграунд. Настанат како проект на членови на култните Bernays Propaganda , ХАХАХА, FxPxOx и My Tear, ова е единствена комбинација во име за кое сѐ повеќе се зборува, а зад кое се потпишуваат: Васко Атанасоски, Дени Крстев и Раде Јордановски.

SMOKE MARDELJANO

SMOKE MARDELJANOСрбија

14.08.2021
Eден од најпочитуваните андерграунд хипхоп изведувачи од Србија, ултимативен мајстор на римите и уметник кој го пренесува гласот на бунтовната генерација од белградскиот асфалт. На неполни 10 години Smoke Mardeljano ги напишал своите први рими, а првата песна конечно ја снима на 14 години.

SMUT

SMUTМакедонија

14.08.2021
Кога SMUT пред 25 години почнаа да свират, немаше метал-кор во Македонија. Денес зборуваме за бенд кој е основоположник на стилот во регионот и една од најценетите групи во овој дел од Европа. Во 1996 година во Западно Скопје групата ја формираа деца кои денес се семејни луѓе со пет албуми, огромна и веројатно најверна фан-база на сцената и стотици концерти зад себе, од кои некои заедно со Sick of It All, Biohazard, Integrity, Hatebreed, Madball, Ignite…

СТРАЈК

СТРАЈКМакедонија

14.08.2021
СТРАЈК ja започнува својата кариера во 1997 година, како еден од основачите на Легијата и еден од првите артисти што соработуваа со „Шурикен Рекордс”, каде се појавува на првото издание – „SK Street Beatz”. Во 2001 заедно со Блажеј ја формираат групата СТР2 – насловена по графитите на Страјк, кратенка за “Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност”. Нивниот албум „Не Заборавај“ беше издаден во јули 2007 година.

DJAIKOVSKI

DJAIKOVSKIМакедонија

14.08.2021
Македонскиот композитор и продуцент со исклучително успешна кариера е несомнено еден од најреспектираните и докажани балкански уметници на електронската сцена. Низ неговото повеќе од 20-годишно музичко творештво, период во кој со славниот македонски режисер Милчо Манчевски го основаше бендот „Бастион“ а беше и член на групата „Леб и Сол“, го запиша своето име во самиот врв на најценетите музички уметници од југоисточна Европа и тоа како зачетник на глобалниот феномен познат како Balkan Beat.