ШЕХЕРЕЗАДА – НИКОЛАЈ РИМСКИ КОРСАКОВ

Македонска опера и балет, Скопје

20:00

24 Apr

ШЕХЕРЕЗАДА – НИКОЛАЈ РИМСКИ КОРСАКОВ

Детали за настанот

Датум (старт) 24-04-2019
Град Скопје
Почеток 20:00

Мапа на настанот

ШЕХЕРЕЗАДА – НИКОЛАЈ РИМСКИ КОРСАКОВ

Кратка содржина:

Царот Шархијар се одмара во својата одаја. Неговиот брат шахот Заман го забавуваат харемските девојки со песна и игра. Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Зобеида. Кога царот ќе објави дека ќе оди во лов, Земан отворено го изтразува своето сомнение во верноста на Зобеида. Девојките од харемот ја заговараат Зобеида да му пријде на Шархијар и да му пожели среќа во ловот, за да се оттргне секое сомнение.
Кога мажите одат, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува, да ја отвори вратата од харемот.
Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Зобеида за себе го одбрала најубавиот меѓу нив.
Одеднаш се враќа Шахријар, кој се посомневал во верноста на Зобеида.Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите.
Зобеида пробува да го моли царот за милост, и го убедува за нејзината верна љубов.Кратко време состојбата изгледа дека е спасена, но сепак царот ја жртвува својата љубов за да ја спаси својата чест.
Зобеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на царот Шахријар.

Билети

Продажни места

all