Украдена Личност

Дом на АРМ, Центар за култура – Битола, НУЦК Антон Панов, Скопје Битола Струмица

19:00

19 - 22 Feb

Украдена Личност

Детали за настанот

Датум (старт) 19-02-2019
Датум (крај) 22-02-2019
Град Скопје Битола Струмица
Почеток 19:00

Мапа на настанот

Украдена Личност

Претставата “Украдена личност” е приказ на моралната слика на практичната, модерната и прилагодлива личност, за која условите за постигнување на личните цели, се невообичаено лесни. Истите услови што нему му се лесни, за друга личност би биле целосно неприфатливи, бидејќи тие значат понижување и морална пропаст. Со спретност и дух на селски пробисвет, овој лик се приближува до Европската унија како кандидат за претседател. Нему ниту еден поставен услов не му е воопшто тежок за исполнување, бидејќи ништо од тоа не го чини. Понудата за него е целосно прифатлива, а колаборацијата тој ја нарекува “соработка”. Диктирајќи ја неговата понуда за претседател, тој, со сета нејзина извитопереност, открива дел од личноста што го прават интересен на сцена. Сè што зборува е со леснотија, со измама, вешто ја искривува реалноста и се прилагодува на моментот, а сето ова го прави виртуозно со невиност, што од време на време станува слично на невиноста на едно кротко животно. Мисламе дека овој став е премногу сериозен за веселата и лесна претстава што ве очекува. Истата можеби ќе биде завеса која може да ги покрие некои од сличностите на овој лик со актуелните луѓе кои сомнително го красат нашето време и тежок политички момент. Во претставата игра Милан Гутовиќ а неговите текстови се напишани потпирајќи се на текстот на Миленко Вучетиќ “Бараба”. Во претставата ќе го слушате и валцерот на Штраус.

Билети