Центар за култура – Битола

Центар за култура – Битола

Детали

Address

ul. Shirok Sokak bb

City Bitola
Phone +389 47 233 419

Центар за култура – Битола

Културата и уметноста се знак на распознавање на секое општество, и затоа претставува моќен производ за презентирање на културните вредности. Самото создавање на вистински услови за слободно уметничко творештво, со потикнување на културните процеси како и почитувањето на културните традиции се основа за културен развој и презентирање на вредностите на заедницата. Република Македонија e  земја со извонредно наследство,  земја со првиот словенски универзитет и најмоќен духовен и културен центар на Словените, на оваа почва богата со повеќеслојни цивилизации, на оваа крстосница на Балканот која зачувала траги од културите што низ неа минувале и создавале вредности ја отвори својата културна сцена презентирајќи го своето духовно и културно богатство во европската културна ризница Со интензивирањето на културните дејности во Центарот за култура се отвори и процесот на динамизирање на работата со воведување на нови проекти, и нови програми на работа. Центарот за култура, како јавна установа,кој постои веќе триесетина години, создава услови за континуиран непречен развој и поддршка на граѓанските културни иницијативи,во интерес на потребите на заедницата и локалната самоуправа, осознаваќи го своето духовно и културно богатство. Покрај традиционалната постоечка форма на дејности и целни групи што се опфатени, тоа неминовно  бара и создавање на услови Центарот за култура да ги отвори вратите за задоволување на културните потреби на младата генерација, како основен генератор на сите позитивни промени. Друга значајна интенција на Центарот за култура е да се интензивира соработката со другите културни институции, меѓународни организации и  здруженија за работа на заеднички проекти, како и работа на пилот проекти со што е создадена можност за зацврстување на соработката, особено во таканаречените -копродукциски проекти. Незаобиколна форма на дејност во Центарот е  и поддршката на аматеризмот и неговото интензивирање, како една од методите за развивање на севкупната сопствена креативност и инвентивност во начинот на презентирање на културните вредности,традиции и обичаии.. Центарот за култура е потполно отворен за меѓународна културна соработка со културни орагнизации кои би подготвувале заеднички проекти за работа на прекугранична соработка со цел спроведување на културните и уметничките активности во делот на вмержување, размена на идеи, информации и мобилност.