Stand up вечер со Александар Перишиќ и Никола Тодороски

MKC club & restaurant, Skopje

20:30

17 Dec

Stand up вечер со Александар Перишиќ и Никола Тодороски

Event details

Date (start) 17-12-2021
City Skopje
Time (start) 20:30

Event map

Stand up вечер со Александар Перишиќ и Никола Тодороски

Александар Перишиќ оваа година влегува во втора декада со занимавање со stand up комедија.
Со многу, многу настапи (дечкото е мрзлив не води точна статистика) во сите бивши ЈУ Републики, се смета за еден од пионерите на српската stand up сцена.
Важи за еден од политички најнекоректните комичари, со посебен акцент на црниот хумор.
Со комедија почнува да се занимава после десетина години соработка со театарот во неговиот роден град Краљево.
Перишиќ е победник на првиот “open mic” оддржан во Белград во 2010 година, и таа вечер се случува пресвртница во неговиот живот и кариера.
Моментално го изведува своeto “one man show” – КОМПЛЕКСАНДАР и тематскиот стенд ап КАЈ БРЕ?! со колешката од Згареб Марина Осраг.
Настапувал на сите релевантни фестивали ширум регионот, а особена чест ни е што Скопје Комеди во соработка со охридската подружница го претставува на скопската публика.

Вечерта ја отвора домаќинот Никола Тодороски, за кој не е потребна посебна најава. Дефинитивно најактивниот и највредниот комичар кај нас!

*настанот ќе се одржи согласно важечките протоколи за организирање настани, капацитетот е строго ограничен, побразајте со набавка на својот билет.

Tickets