Никола Радојловиќ

MKC club & restaurant, Skopje

20:30

18 Feb

Никола Радојловиќ

Event details

Date (start) 18-02-2022
City Skopje
Time (start) 20:30

Event map

Никола Радојловиќ

Никола Радојловиќ, непознат како Џонили, сакал да биде крал кога ќе порасне, но кога сфатил
колку скали има во дворецот рекол: „Батали.“ Во меѓувреме решава да се бави со комедија зашто
не сака да биде духовит по секоја цена. Тој е член на организацијата standup.rs веќе неколку
години, но во слободно време свири гитара на Кнез Михајлова во Белград, што укажува на тоа
колку заработува од комедија.
Во 2021 година премиерно настапува со својот втор special под наслов „Мала непријатност“.
Многу се радува кога ќе слушне дека има уште млади кои ја слушаат вистинската, изворна Сека
Алексиќ од 2003 година, а не денешните аутотјун глупости. Случајно откри дека може да задоволи
повеќе непознати жени истовремено и од тогаш не се качува во градски превоз без лепеза. Во
својот живот внесе новости, како јога, групна психотерапија, чашка ракија после ручек, а сето тоа,
само за да се чувствува – стандардно.
Пред неколку години доби дијагноза за претераното инспиративно секојдневие, поради што за
малку ќе завршеше на ИНСПИРАТОР. Но, сега е добро – стандардно, а се што му се случуваше во
изминатиот период го собра во два збора „Мала непријатност“.
Заедно со Никола доаѓаат 4 млади момци од Охрид кои ќе и се претстават на Скопската публика!
Никола Братучет Силјаноски, Јован Цветкоски, Зоран Донев и Илија Богданоски.

Tickets

Tickets shops

18