Фестивал на класичен балет и модерен танц

National Opera and Ballet, Skopje

20:00

15 - 16 Jun

Фестивал на класичен балет и модерен танц

Event details

Date (start) 15-06-2022
Date (end) 16-06-2022
City Skopje
Time (start) 20:00

Event map

Фестивал на класичен балет и модерен танц

“Фестивал за класичен балет и модерен танцФестивалот за класичен балет и модерен танц е во организација на ЈУ. Детски културен центар -Карпош, а како главен покровител на фестивалот е Град Скопје. Оваа година како поддржувач на фестивалот се јавува и Националната опера и балет која со својот ансамбл ќе го отвори фестивалот со претставите Шехерезада и Валпургиска ноќ. Втората фестивалска вечер публиката ќе може да ги проследи изведбите на танцовите студија од нашата држава, а како домаќини балетската секција од Детскиот културен центар – Карпош ќе ја отвори втората фестивалска вечер.Третата вечер е наменета за ДМБУЦ  „Илија Николовски Луј“ како и Факултет за музичка уметност – балетска педагогија.Концепираноста на фестивалската програма во основа ја поддржува разноликоста која се сретнува во воспитно-образовниот процес во танцовите секции, а се реализира преку три фестивалски вечери. Таа разноликост опфаќа широк спектар како класичен балет така и мноштво од современи стилови. Организацијата и реализацијата на фестивалот придонесува за афирмација на танцовата уметност кај младата популација , запознавање со иновативната содржина во негување ( обука ) на танцот како уметничко средство на изразност како и оценка на професионалните капацитети и ресурси за развој на танцовата уметност во Македонија.Ова е прв балетски фестивал во нашата држава кој ги опфаќа сите категории на деца. Непостоењето на ваков фестивал кај нас ја актуелизира потребата за системски пристап кон вреднувањето на балетската уметност во сите возрасни категории. Вреднувањето на талентите  е неопходно и еден ваков фестивал   го унапредува и културниот живот во нашиот град.”

Tickets