Театарска импровизација „Импровокација“

Public Room, Skopje

21:00

07 Mar

Театарска импровизација „Импровокација“

Event details

Date (start) 07-03-2019
Location Public Room
City Skopje
Time (start) 21:00

Event map

Театарска импровизација „Импровокација“

Театарска импровизација „Импровокација“ е проект на професионалните актери, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски, Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин Жура како организатор (совест на шоуто). „Импровокација“ е фузија од Канадските техники за „театарски спорт“ (Theatre sport) и Американските техники за театарска импровизација. Таа припаѓа во таканаречената „кратка форма“ (short form) на театарска импровизација во која што се играат не помалку од 12 различни „игри“ за 70тина минути и тоа ја прави да е многу динамична и забавна. Дијалогот, мизансценот, каратерите и приказната, во нивната најчиста форма,  се создаваат заеднички во мигот, пред очите на публиката без никакви предходни подготовки. Точно заради тоа секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и никогаш не може да се повтори уште еднаш. Ваквата форма на театар е комична и спонтана. Рамката на импровизацијата ја даваат актерските задачи (т.н. игри) кои што ги одредуваат правилата на кои актерите се придржуваат додека ја импровизираат сцената. Публиката директно е инволвирана во процесот на создавањето на сцените со нивните предлози од место или во одредени случаи се јавуваат и како актери на сцената. Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава , таков тематски правец добива и самата изведба. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    07-03-2019 Price: 200ден.

Tickets shops

СКОПЈЕ

ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска

ТЕТОВО

ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176
ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2

ГОСТИВАР

Тобако Вона Пет ул. Живко Брајковски 15

ОХРИД

Туристичкаа агенција Вис Пој Бул. Македонски Просветители бр.1

ПРИЛЕП

T.A. БРАН – Пере Тошев 75

БИТОЛА

ЛитератураМК Широк Сокак 40
TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак

КУМАНОВО

Тобако Агора ТЦ Гарнизон T.Ц. Гарнизон

ВЕЛЕС

УНИСОН – Благој Ѓорев 9

РАДОВИШ

HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43

СТРУМИЦА

LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4
ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2

ШТИП

City Point Tobacco 1 Кирил и Методиј бр. 20