Таксират Фестивал #23

S.C Boris Trajkovski, Skopje

19:00

07 Dec

Таксират Фестивал #23

Event details

Date (start) 07-12-2021
City Skopje
Time (start) 19:00

Event map

Таксират Фестивал #23

📅  На 7 декември 2021 во СЦ Борис Трајковски во Скопје се собираме на главната вечер на ТАКСИРАТ Фестивал • едиција #23

Настапуваат:
📢 PARTIBREJKERS
📢 SANATORIUM
📢 Z++
📢 Ann Clue
📢 Boris Brejcha
📢  Мизар
📢 Crni Cerak

Продажни места низ Македонија:

Скопје: Сите книжарници на ЛитератураМК, Југотон
Куманово: Тобако Агора – ТЦ Гранизон
Тетово: Гранд Тобако, Тобако Монако
Гостивар: Тобако Вона Пет (кај судот)
Велес: Унисон
Штип: Coffee Lab
Битола: Книжарница ЛитератураМК
Прилеп: ТА Бран
Кавадарци: Street Cafe
Охрид: ТА Виспој
Струмица: ТА Сафари

 

*Таксират ќе се одржи согласно сите мерки/протоколи за организирање настани во затворен простор.

Tickets

Artists list

PARTIBREJKERS

PARTIBREJKERSСрбија

Eден од највлијателните и најистрајни бендови на рок сцената во регионов. Панк енергија, блузерска душа и гараж став кои речиси точно 40 години воодушевуваат испорачувајќи моќен звук на секогаш искрените настапи.

SANATORIUM

SANATORIUMМакедонија

Најзначајната македонска треш-метал група и веќе култно име кое повеќе од три децении е музичка лектира за балканската метал сцена

Z++

Z++Хрватска

Eдно од најперспективните хрватски музички имиња кое доаѓа како хит од осиечката трап сцена, но маестрално надминувајќи ги рамките на стилот. Или како што го нарекува критиката - волшебникот кој сѐ прави сам – музика, текст, продукција, микс и мастеринг, и тоа со врвен квалитет својствен само за најдобрите.

Ann Clue

Ann ClueГерманија

Позната по својата харизма и непредвидливи сетови, како страстен љубител на музиката Ann Clue со посебна енергија го презема водството зад диџејскиот пулт и ги освојува подиумите низ целата планета. Објавува и за етикетата FCKNG – SERIOUS, на која е воедно и еден од основачите, а нејзиното име е веќе запишано на Awakenings, EDC Las Vegas, Exit, Time Warp, Sonus, OFF Sonar и бројни битни настани на електронската сцена.

Boris Brejcha

Boris BrejchaГерманија

Суперѕвездата на новата генерација, големиот мајстор кој создаде свој звук и со вртоглав подем на самиот врв на светската сцена дочека неговиот high-tech minimal да биде еден од најпопуларните правци на денешницата, конечно настапува кај нас.

Мизар

МизарМакедонија

Со уникатната музичка идеологија која вкрстува готик-рок, византиски и старословенски црковни пеења, и македонски етно мотиви, МИЗАР прерасна во антологиско име запишано и меѓу пионерите на дарк-вејв естетиката во регионов. Со 40-годишен творечки опус, но и нов албум, МИЗАР се враќа на главната бина!

Crni Cerak

Crni CerakСрбија

Секси, Армани (Ourmoney) и Биба со својата музика претставуваат фузија од сурови влијанија - Chicago Drill и француски трап, обвиени во битови и приказни од маало, додека ги обработуваат мрачните теми на секојдневието.