Еурека – Рефлексија

National Opera and Ballet, Skopje

20:00

07 Jun

Еурека – Рефлексија

Event details

Date (start) 07-06-2022
City Skopje
Time (start) 20:00

Event map

Еурека – Рефлексија

Инспирирани од (Р)еволуцијата предводена од новите генерации, танцовото студио Еурека четврта година по ред ја доближува инклузијата до сите нас, ја носи во секој дом и ја прави секојдневие.
Новата премиера “Рефлексија” зборува за сликата на светот низ призма на видувањата на нашите срца.  Обработува теми од секојдневниот живот и актуелни проблеми за сегашноста. Танцуваат 220 членови на студиото со и без попречености, кореографијата е авторска на кореографите од студиото, а музиката е на Кирил Џајковски.
– Што е она што го кажува срцето, а умот не може да го чуе? Како се опишува среќа? Како изгледа мирот кој го носиме со нас? Како прав, како магичен прав кој ни ги покрива главите и не прави волшебни. Среќни како деца со чоколадо во рацете и тажни како истите со неостварени желби во главите. Такви, чисти и недопрени од светот.

Tickets