Божо Вреќо

Macedonian Philharmonic, Skopje

20:00

01 Nov

Божо Вреќо

Event details

Date (start) 01-11-2022
City Skopje
Time (start) 20:00

Event map

Божо Вреќо

Уникатниот, феноменален и неповторлив Божо Вреќо доаѓа во Скопје Лирскиот тенор со ангелски глас што преку звук ги отсликува најдлабоките емоции, Божо Вреќо, на 1 ноември доаѓа во Скопје, во салата на Филхармонија.
Пристап кој е навистина катарзичен, трансверзален и единствен, како што пишуваат светските медиуми – францускиот АРТЕ, американскиот Њујорк Тајмс и шпанскиот Ел Периодико.
Споменатите медиуми го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“.
Со својот ангелски кастрато глас, Божо Вреќо ги пее најдлабоките емоции со кои секој може да се идентификува. Тој пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и препознавање на љубовта, па оттука и магијата на неговите концерти.
Соработува со исклучителни уметници со светска слава, со кои напиша и нови текстови на севдалинки, кои неговата сẻ поширока и многубројна публика едноставно ги обожава, од Лејлија па се до Саба. Божа Вреќа навистина го краси извонреден опус, бидејќи внесува многу труд и љубов во музиката, но и во истражувањата на балетот и операта, како и во документарните филмови за севдалинката, која ја збогатува со својот авангарден пристап. Се разбира, тој го проучува и мистицизмот на балканската автохтона монофонична и полифона музика.
Неговите концерти се целосен суфиски транс кој пред се целосно ослободената севдалинка го носи во себе. Ги ослободува сите потиснати емоции кај луѓето и на тој начин предизвикува солзи на концертите, како и некои натприродни енергии кои течат од личност до личност и заедно формираат бран на восхит, љубов и катарза.
Дуалитетот со кој зрачи овој извонреден уметник го прави еден од најзначајните толкувачи на модерната карасевда, која жанровски навлегува во сферата на џезот, блузот, духовното и полифонијата.
Моментално работи на филмска музика за ладино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, Малдича, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“, продуциран и режиран од Канаки филмс и продукцијата Медикус Мунди од Мадрид и Барселона.

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    01-11-2022 Price: 1300-1500ден.

Tickets shops

СКОПЈЕ

ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска

ТЕТОВО

ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176
ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2

ГОСТИВАР

Тобако Вона Пет ул. Живко Брајковски 15

ОХРИД

Туристичкаа агенција Вис Пој Бул. Македонски Просветители бр.1

ПРИЛЕП

T.A. БРАН – Пере Тошев 75

БИТОЛА

ЛитератураМК Широк Сокак 40
TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак

КУМАНОВО

Тобако Агора ТЦ Гарнизон T.Ц. Гарнизон

ВЕЛЕС

УНИСОН – Благој Ѓорев 9

РАДОВИШ

HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43

СТРУМИЦА

LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4
ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2

ШТИП

City Point Tobacco 1 Кирил и Методиј бр. 20