„КАРМИНА БУРАНА“ – КАРЛ ОРФ

National Opera and Ballet, Skopje

20:00

02 Apr

„КАРМИНА БУРАНА“ – КАРЛ ОРФ

Event details

Date (start) 02-04-2019
City Skopje
Time (start) 20:00

Event map

„КАРМИНА БУРАНА“ – КАРЛ ОРФ

Диригент: Бисера Чадловска
Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ
Кореографија и либрето: Кан Арслан (Турција)
Асистент кореограф: Ана Лусија Фереира (Португалија)
Сценограф: Миодраг Табачки (Србија)
Костимограф на Балет: Гизем Бетил (Турција)
Костимограф на Опера: Елена Дончева
Асс. Режисер: Дејан Прошев
Репетитори: Саша Евтимова Бахрам Јулдашев (Русија) и Горан Божинов
Концерт мајстор: Јане Бакевски

Оперски солисти: Наде Талевска, Горан Начевски, Луиџи Скифано (Италија)

Балетски солисти: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска,
Саша Евтимова, Игор Веланоски, Мирослав Митрашиновиќ

Хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ

 

ШТО Е „КАРМИНА БУРАНА“

Наједноставно кажано, тоа е вечното актуелно прашање на животната радост, слободата и страста за која пееат уште патувачките студенти и клериците. Истоимениот ракопис од 13 век пронајден 1803 г. во баварскиот манастир Бенедиктбевер беше Орфова инспирација: конечно дваесетина текстови стануваат и конкретен текстуален предлог за ова музичко остварување. Композиторот ни овде не смета на потполно, логично разбирање, на различните јазици: барајќи ги корените на врската што постојат помеѓу митот, музиката и јазикот, разбирањето го нуди во спрега на сите елементи и неизбежното физичко движење – ритамот.
„Што е појасна и поедноставна пораката- уште посилен е и подиректен крајниот ефект“. Тој водечки принцип на Орфовото уметничко уверување, силината на неговиот звук и ритамот, произлегуваат уште од експерименталната Гинтерова школа за гимнастика, музика и игра чии што соосновач бил и Орф во Минхен 1924г. Светот на „Кармина Бурана“ е саканиот свет што го остваруваат најспремните. Таму каде што Фортуната- Среќата владее со светот, а сонцето и богот на љубовта имаат власт над сите, трае силна , незапирлива радост. Орфовата музика и неговата визија за театарската волшебност стануваат дел од екстазата на стариот грчки театар: низ неа се обновуваат мистериите, ритуалните свечености, латинската комедија но и фолклорниот театар од тоа поднебје.
Кармина Бурана веќе со години го привлекува вниманието на режисери и кореографи од целиот свет поради привлечноста на синкретизмот кој зрачи како неисцрпен извор на можности за нови идеи и инспирации.

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    02-04-2019 Price: 400-500ден.

Tickets shops

all