Магијата на италијанската опера

Daut Pasha Amam, Skopje

20:30

22 Jul

Магијата на италијанската опера

Event details

Date (start) 22-07-2021
Location Daut Pasha Amam
City Skopje
Time (start) 20:30

Event map

Магијата на италијанската опера

Концерт на италијанските уметници Антонио Сарнели де Силва – баритон и Паоло Шибилиa – пијано.

Единствена можност да се слушнат познати арии од италијанските опери, романси и канцони од Белини, Доницети, Верди, Тости, Леонкавало во изведба на извонредни италијански уметници. Овој концерт е дел од Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2021.

Баритонот де Силва и пијанистот Шибилиа се познати музички артисти кои имаат голема интернационална кариера. Наполитанскиот баритон Де Силва во својата интензивна кариера вбројува концерти во САД, Германија, Швајцарија, Франција, Унгарија, Австрија, Грција. Антонио ги изведувал водечките улоги на познатите опери низ речиси сите италијански оперски куќи. Шибилиа е пијанист, композитор, уметнички промотор и диригент кој до сега изведувал преку 700 концерти низ целиот свет. Соработувал со бројни музички имиња, а настапувал и како солист со националните оркестери на Италија, Швајцарија, Русија, Украина, Молдавија, Албанија. Во дует со Де Силва ги освојуваат срцата на публиката низ многу земји.

Несекојдневна можност да се доживее магијата на италијанската опера во Скопје.

Побрзајте, картите се во строго ограничен број.

Tickets

Tickets shops

allm