Марио Бионди со прв концерт во Скопје

Kamnik Winery, Skopje

21:00

12 Jun

Марио Бионди со прв концерт во Скопје

Event details

Date (start) 12-06-2022
Location Kamnik Winery
City Skopje
Time (start) 21:00

Event map

Марио Бионди со прв концерт во Скопје

Марио Бионди својот прв концерт во Македонија ќе го одржи на 12 јуни пред Винарија Камник со почеток во 21.00 часот. Овој пејач и текстописец со раскошен и уникатен глас ќе го претстави својот нов албум „Романтик“ издаден во март а создаден во соработка со фантастичните музичари Масимо Грек и Давид Флорио. Проектот „Романтик“ е целосно посветен на љубовта, изразена преку специфичниот свет на Марио исполнет со звуци од седумдесеттите.

Марио Бионди е италијански пејач и кантавтор со силен и уникатен глас, кој оправдано го споредуваат со Бери Вајт. За него уште се вели дека е икона и уметник кој ќе остави единствен белег на музиката на 21 век! Првиот деби албум го издава во 2006 година и оттогаш има безброј продадени албуми и распродадени концерти низ светот. Музичките потфати на Бионди му дадоа можност да настапува заедно со италијанските великани како Калифан, Бонгост и Фиорел, како и со американската легенда Реј Чарлс и Чака Кан.

Концертот на Марио Бионди се организира во соработка со Musicology Sessions

Врати отворени: 20.00ч
Почеток на концертот: 21.00ч

Билетите за Сектор А и Сектор Б се распродадени

Tickets

  • Сектор Ц

    Buy tickets

    6 карти, коњопој и шише вино (Chateau Kamnik Pinot Grigio/ Monte по избор), 12-06-2022 Price: 14000ден.