Концерт на Руски Романси

National Opera and Ballet, Skopje

19:00

04 Mar

Концерт на Руски Романси

Event details

Date (start) 04-03-2022
City Skopje
Time (start) 19:00

Event map

Концерт на Руски Романси

Концерт „Руски романси“  во Фоаје на Национална опера и балет е дел од активностите на Здружение на руски сонародници „Чајка“, кое веќе 8 години учествува во меѓународниот проект „Романсиада“ (Русија) и праќа млади македонски пејачи на натпреварот во Москва од каде што тие се враќаат со награди и признанија.

Натпреварот „Романсиада“ и програмот „Меѓународниот ден на Руска романса“ се под егида на УНЕСКО.

Поголемиот дел од руските романси, кои се однесуваат на 19 и почеток на 20 век, како и оние создадени во последниве неколку години (нови дела) се непознати на македонска публика.

Целиот настан ќе биде проследен со истории за композитори, автори на текстови, изведувачи и други интересни факти посветени на романса.

Автор на концептот, музички соработник и наратор (водител) – м-р Елена Сиљаноска, корепетитор во НОБ.

Учесници – студенти од Музичките академии во Скопје и Штип, млади оперски пејачи.

Tickets