Услуги

Печатење на билети

Печатење на билети за секаков вид на настани, манифестации, фестивали, собири итн.

Контакт:
contact@mktickets.mk

Нараквици

Печатење на нараквици со Вашето лого, фирма, настан итн.
Особини:

  • Боја (сина, зелена, жолта, црвена, розева, бела, портокалова, виолетова итн)
  • Непреносливи штом се искористат
  • Една величина одговара на сите корисници
  • Лесни за носење и користење
  • Водоотпорни
  • Можност за нумерирација
  • Брза изработка

Се користат за настани кои се од еднократен карактер. Направени се од Рolypropylene материјал, кој обезбедува издржливост, водоотпорност, лесно поставување на рака, економичност и удобност.

Важно е да се нагласи дека една величина на алките одговара на сите корисници, благодарејќи на лепливите завршетоци со кои се регулира големината спрема зглобот.
Тука се и безбедносните резови на крајот од секоја алка кои спречуваат одлепување без кинење. Не можат да се скинат лесно, но, затоа лесно можат да се исечат со ножици, што е одлично за краткорочна употреба.

Најчесто се користат на музички и спортски манифестации, ноќни клубови, дискотеки, забавни паркови, на организирани излети и слични краткотрајни настани.
Нараквиците ги има во разни бои со можност за допечатување на лого или текст, со што се зголемува безбедноста т.е. намалува можноста од фалсификат. Уште поголема безбедност се постигнува ако се отпечатат баркодови или сериски броеви.

Изнајмување на огради

Професионални, “Мојо” тип на бариери, стабилни, за подобра безбедност, управување со толпата,  одвојување на FAN PIT или VIP зона итн. Развиена за да ги заштити посетителите при учество во одредени настани. Нивната висина ги спречува посетителите од задушување или притиснување во случај местото да стане преполнето или ако сите посетители се движат кон сцената. На страната на сцената, бариерите се направени така што им овозможуваат на чуварите (обезбедувачите на настанот) безбедно да ги извлечат луѓето од публиката (на пример, кога посетителите имаат потреба од медицинска помош). Нашиот тим е подготвен да ги донесе, да ги приспособи и да ги реши бариерите на вашиот настан. Контактирајте не за сите детали и цени.

Назив: Висока сива оградаНазив: Висока сива ограда
Димензии: 2 метри висина х 3 метри ширина
Назив: Ниска сива оградаНазив: Ниска сива ограда
Димензии: 1,5 метри висина х 2,5 метри ширина
Назив: Ниска портокалова оградаНазив: Ниска портокалова ограда
Димензии: 1,5 метри висина х 1 метар ширина