Loading Events
април 27 @ 9:30 pm - април 28 @ 2:30 am
150ден

Понекогаш ќе приметиш дека месечевите мени се менуваат, понекогаш ќе приметиш дека и твојата положба се менува, понекогаш ја приметуваш заглвеноста во сопствената досада бидејќи забележувањето како временски интервал често е одземен од секојдневната фиктивна одминувачка брзина. Digital.Millennium.Artistsзабележува нов авторски материјал од областа на џез музиката што е во фаза на подготовка и ќе ја имаме привилегијата да ја слушнеме пред нејзиното официјално издавање.

На 11-от Twelve Moons Of Jazz ни гостува саксoфонистот Ivan Ivanov, припадник на младата генерација на џез артисти, кој своето музичко образование го стекнува надвор од земјата. Композициите напишани од Иванов покажуваат своја автентичност и структурна комплексност што е веќе докажана на неговиот прв албум „Wild Flower“ издаден од Skopje Jazz Festival Records. Во новиот проект станува збор за fusion jazz односно комбинација на динамична џез хармонија со импровизирани funk и други елементи од различни музчки правци.

Иван Иванов ќе биде придружуван од Стефан Миладинов, Гордан Спасовски, Blagoja Antovski и Трајко Симоновски.

По полноќ квалитетно раздвижување со џез сет на DJ Бојан Чакра.

Го забележуваме претпоследното издание на Twelve Moons Of Jazz во најавата на блискиот крај и разделба.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online