Loading Events
  • This event has passed.
август 2 @ 10:00 pm
1000 ден

Izlet Music, Music Incubator, Balance и Sektor 909, со особена чест и задоволство го најавуваат гостувањето на пионирите на техно звукот The Originator – Juan Atkins & Jeff Mills на 2-ри август, во Охрид.

“The Originator” инспириран од желбата за создавање на уникатно музичко-сценско дело, во кое главни протагонисти ќе бидат JUAN ATKINS и Македонската Филхармонија, под уметничко раководство на виртуозот ЏИЈАН ЕМИН, преточени во неповторливо доживување, под отворено небо, на Античкиот Театар во Охрид.

Juan Atkins е музичар, кому му се припишува заслугата за креатор на техно музиката, позната како Detroit Techno откако Atkins и техно ко-креаторите Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото триото, често нарекувано “the Belleville Three”.

Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во којашто едно време и самиот беше член. Име и презиме кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна. Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да го преточи еден ден во, велат, најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – диригирањето нему му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминатите неколку години, во дел од нив и како оркестратор, привлекувајќи го силно вниманието на јавноста.

The Originator ќе се одржи на 2-ри август во Античкиот театар во Охрид, со почеток од 22:00 часот, каде светски реномираната музика на Juan Atkins – креаторот на техно музиката, ќе биде проследена со звуците на Македонската Филхармонија, придружено со разни аудио-визуелни ефекти, нудејќи футуристичко, мултисензорно доживување за целата публика.

Цена на влезница за Juan Atkins, Dzijan Emin и Македонска Филхармонија до 27 јули – 1.000мкд, потоа 1.200 мкд. Со истата влезот за забавата со Jeff Mills на плажа – Парк ќе биде слободен.

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online