Loading Events
октомври 21 @ 8:00 pm - 11:00 pm
ден900

STEVE COLEMAN & FIVE ELEMENTS

Американскиот саксофонист Стив Колман го опишуваат како „неуморен човек кој постојано учи, студира и набљудува“. „Учи од другите, од светот, од природата и го пренесува знаењето, ги споделува откритијата“ со „извонредната виталност што ја создава на музичката сцена“. Неговата музичка иновативност и потрагата по нови форми и идеи се бескрајни. Иницијално инспириран од саксофонистите Чарли Паркер, Сони Ролинс, Џон Колтрејн, Вон Фримен и Банки Грин, Колмен од 1985 година го дополнува џезот со своето уникатно, оригинално свртување. Тој е еден од основачите на таканареченото M-Base движење, во чија рана фаза беа вклучени и Грег Озби и Касандра Вилсон. M-Base Collective беше организација на црнечки музичари која имаше за цел обединување на сите форми на црнечката музика во една целина. Колмен водеше повеќе групи и екстензивно снимаше. Во тоа време неговата музика наликуваше на органска синтеза помеѓу пост-бопот и фанкот, иако размислувањата на Стив веќе беа многу пошироки. Тој започна да создава концептуални линкови до сите комплексни системи: нумеролошки, астролошки, митско-религиозни. И покрај комплексноста и асиметричноста, ритмите во музиката на Колмен беа циркуларни и особено комплексно полуметрични кои го сочувуваа танцовиот карактер на популарниот фанк. Со својата долготрајна група Five Elements, Стив Колмен издаде дузина албуми, како што се легендарните “Rhytm people”, “Black Science”, “The Thao of Mad Phat”, а од поновиот период “Functional Arrhythmias”.


MARC RIBOT & THE YOUNG PHILADELPHIANS + STRINGS

Преку дециниската работа како придружен музичар на Том Вејтс, Дајана Крол, Елвис Костело, Ти-Боун Барнет, Каетано Велозо, Роберт Плант, Ален Гинзберг, Арто Линзи, Дејвид Силвијан, Џо Хенри, Ален Тусен, Black Keys, Тhe Lounge Lizards и многу други и особено преку неговата редовна соработка со Џон Зорн, гитаристот Марк Рибо се етаблира како великан на гитарата. Но, сите овие убедливи искуства претставуваат само дел од неговите музички потфати. Тој му помогна на Том Вејтс да го дефинира својот нов музички правец. Во тек на 35-годишната кариера Марк објави над 20 албуми под сопствено име, истражувајќи сѐ, од Алберт Ајлер со групата “Spiritual Unity” па до кубанската музика на Арсенио Родригез со две одлично примени изданија под името “Marc Ribot Y Los Cubanos Postizos”. Неговото пост-рок трио, Ceramic Dog го продолжува наследството на неговите претходни експериментални групи Rootless Cosmopolitans и Shrek. Последната смела авантура на Марк Рибо се The Young Philadelphians кои оддаваат почит на двојното наследство: зашеметувачкиот хармолодичен панк-фанк на легендарниот Prime Time бенд на Ornette Coleman и слаткиот, оптимистички пулс на стариот звук на филаделфискиот соул.

Покрај басистот Џамаладин Такума и тапанарот Калвин Вестон, обајцата од Prime Time, родени во Филаделфија, при реализацијата Рибо вклучува уште еден соработник на Орнет – Ал МекДауел и тричлената гудачка секција.

Купи го својот билет online