Loading Events
  • This event has passed.
октомври 22 @ 5:00 pm - 7:00 pm
300ден

ROBERTO OTTAVIANO

Роден во Бари, Роберто Отавиано е еден од најпознатите италијански саксофонисти. Тој го усовршува свирењето саксофон со Федерико Монделчи и Стив Лејси, а компонирање и аранжмани со Бил Русо и Џорџ Расел. Од 1979 година има интензивна концертна активност, бројни снимања во цела Европа и соработки со некои од најважните американски и европски музичари како се Мел Валдрон, Реџи Воркмен, Ендрју Сирил, Кит Типет, Реј Андерсон, Енрико Рава, Џон Бенинк, Кени Вилер, Марк Дресер, Пол Блеј, Грем Хејнс, Мајра Meлфорд, Тони Оксли, Ран Блејк, Стив Сволоу, Анри Тексие, Ралф Алеси, Марк Дукре.Ги води квартетите Pinturas и Roba со Глен Ферис, Жан Жак Авенел и Џон Беч. Заедно со Луис Мохоло член е на квинтетот Canto General како и на Karl Berger All Stars. Отавиано беше член и на Italian Instabile Orchestra. Неговата дискографија е богата и разновидна, со изданија за Red, Splasch, Soul Note, Dodicilune, Hat Art, Intakt, ECM, DIW и Ogun. Како педагог, тој е основачот на џез одделот на Музичкиот конзерваториум во Бари, каде што  работи веќе 30 години. Неговиот сегашен соло проект наречен “Lontano” е дел од една мала серија на соло проекти со фокус на идејата за миграцијата и номадизмот.

Купи го својот билет online