Loading Events
октомври 20 @ 11:30 pm - октомври 21 @ 3:00 am
400ден

ORLANDO JULIUS & THE HELIOCENTRICS

Малубројни се музичарите кои што биле позначајни од Орландо Џулиус за инвентивноста, развојот и популаризацијата на афро-поп музиката. Почнувајќи во шеесеттите години на минатиот век, Џулиус ги соединуваше традиционалните африкански звуци и ритми со оние на американскиот поп, соул и ритам и блуз. Покрај настапите и снимањата во својата родна Нигерија, многу години помина во САД, соработувајќи со Ламонт Дозие, Тhe Crusaders и Хју Масакела. Неговиот албум од 1966 година, “Super Afro Soul”, од него направи национална ѕвезда во Нигерија и влијателен музичар  дури и во САД. Со драматичното, мошне мелодично вградување на соул, поп и фанк беше многу пред своето време, а некои би рекле и дека “Super Afro Soul” помогна да се обликува фанк движењето што наредните години го преплави САД. На почетокот на 2014 година, познатиот британски бенд The Heliocentrics го доведоа Џулиус во нивното студио во Северен Лондон и го придружуваа во низата снимки на стари песни кои никогаш не беа снимени, но и на новите композиции. На албумот “Jaiyede Afro”, Џулиус нѐ води назад кон неговите корени, навраќајќи се на неколку композии од неговите рани години кои никогаш претходно не беа снимени. Како и во нивните незаборавни соработки со Мулату Астатке и Лојд Милер, The Heliocentrics го носат звукот на Орландо во нови, прогресивни насоки, задржувајќи ја сировата градба на неговите рани дела и додавајќи психоделични елементи и авантуристички нови аранжмани.

Купи го својот билет online