Loading Events
  • This event has passed.
јули 27 @ 8:00 pm
300ден

Една љубов без граници!
Живееме во време, во кое луѓето се делат по етничка, вероисповедна, статусна и по уште каква не припадност. Љубовта не познава граници, а љубовта кон уметноста е способна да собори граници, па дури и оние државните.

Ви ја претставуваме “One Love” турнејата! Преку музиката на групи и изведувачи од двете соседни, блиски земји, со многу сличен јазик, ќе Ви докажеме дека љубовта обединува, а љубовта кон музиката може да собере на едно место фанови од Македонија и Бугарија.

Турнејата ќе помине во осум градови од двете држави. Започнуваjќи на 22 јули во Банско со бесплатен концерт, продолжува на 26 јули во Охрид, потоа на 27 јули во Струмица, 17 август во Сончев брег, 18 август Варна, 6 септември во Пловдив, 30 септември во Скопје, и завршува на 7 октомври во Софија.

За “One Love” од Македонија и Бугарија ќе настапат: Криско, Слаткаристика, Гери-Никол, Тони Зен, Апсурт и DJ Гоце С.А.Ф.

Повелете на “Една Љубов”, затоа што “Love always wins”.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online