Loading Events
  • This event has passed.
март 4 @ 9:00 pm - 11:30 pm
900ден

Заокружете го 4 март, зашто во Скопје токму на тој ден ни доаѓаат две легенди, две огромни музички имиња од просторите на поранешна Југославија – на 4 март прв пат во Скопје заеднички концерт ќе имаат Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони!

Заедничкиот, неколкучасовен музички спектакл е закажан во ВИП Арената Борис Трајковски, а билетите за истиот во продажба ќе бидат пуштени од 20 јануари.

Концертот е во организација на Гуливер Милс.

Двајцата великани на хрватската музичка сцена во Скопје доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ја претставуваат својата “Фамилија”, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки.

Освен темите од новиот материјал Драгојевиќ и Џибони пред домашната публика ќе ги отсвират своите најголеми хитови, а, се разбира, дека се подготвуваат и неколку изненадувања. Бидете сигурни дека Драгојевиќ и Џибони подготвуваат огномент од емоции.

Не за заборавајте – 4 март, ВИП Арена Борис Трајковски, во иста вечер, на иста сцена – Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони.
Ограничен број на влезници. Продажни места: Туристичка агенција Guliver Mils, Југотон, цвеќара Розе – Веро 2.

 

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online